еМагазин
Image default
Бизнис

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

На 4 ноември 2019 година беше извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, со што Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ официјално стана новиот сопственик на банката.

Со стекнување на 91.57% од акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Македонија со пазарно учество од околу 14%.

„Со купувањето на една од водечките, меѓународно активни банки во Македонија, ќе станеме уште посилен партнер на економијата. Заедно, ќе располагаме со значително поголем потенцијал и ресурси со кои ќе ги опслужуваме нашите клиенти и сите бизниси. Со здружена експертиза и заеднички пристап ќе бидеме силен партнер на интернационалните компании, на компаниите од Европската Унија и на активните инвеститори во земјата.

Со членовите на Управниот одбор на новата банка ќе обезбедиме стабилност и иновативен пристап во работењето. Убеден сум дека ќе формираме нова успешна банка и дека ќе создадеме одржливи вредности за нашите клиенти и акционери, а особено за нашите вработени.

Навистина сум задоволен што успеавме скоро за три пати да го зголемиме нашето присуство на македонскиот пазар и тоа преку одлична аквизиција и истовремено да се позиционираме како референтна банкарска групација во земјата“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор (УО) на Штаермеркише Шпаркасе.

Главниот извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Глигор Бишев изјави дека интегрираната банка ќе биде водечки финансиски супермаркет во регионот.

„Со нудење на извонредни банкарски услуги, како и услуги во областа на животното осигурување, лизингот, и инвестиционо банкарство ќе придонесува за исклучително задоволство на клиентите.

Преку синергија на групациското „knowhow“ и нашата долгогодишна традиција на секојдневна интеракција со клиентите, ќе развиеме модел кој ќе ги задоволи нивните очекувања. Банката ќе биде препознатлива по нашиот хуман однос, одговорно однесување, инклузија на клиентите, како и професионални совети и вмрежување на клиентите во земјата и странство. Убеден сум дека ќе бидеме прв избор на банка за нашите клиенти и вработени,“ изјави Бишев.

Штаермеркише Шпаркасе во Северна Македонија е присутна од 2008 година преку својата локална подружница Шпаркасе Банка Македонија, која во моментот има активна од околу 350 милиони евра.

Со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе, вкупната актива на Банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од 1 милијарда евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли отпуштања на вработени со спојувањето на Охридска банка и Шпаркасе

Што ќе значи за клиентите спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Редакција

Просечна закупнина за стан во Центар еднаква на „кирија и трошоци“ за два стана во Струмица

Редакција

„Технокомерц“ ја зголеми добивката

Редакција