еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штабот на Река: Малата излезност ја потврдува тезата дека 1/4 од населението е иселено од државата

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат, Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократсска атмосфера.

-Нашиот впечаток од овие избори е дека поминаа во многу фер и демократска атмосфера со многу мал број неправилности, рече Рамадан Реџепи, портпаролот на изборниот штаб на Река.

Според него, загрижувачки е фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова, според него, ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Републиката.

Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржат некој од другите кандидати доколку нивниот кандидат не се пласира во вториот круг, Реџепи  рече дека ќе ги остават да гласаат за кого сакаат.

-Гласањето е демократско право и секој човек е сопственик на неговиот глас. Ние нема да ги повикуваме гласачите што нас не поддржа да гласаат за било кој од другите двајца кандидати, посочи Реџепи.

МИА/Фото: Река/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штабот на Пендаровски: Имавме скандинавски избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убавото време за неделава заврши, од денеска облачно, постудено и со врнежи

Редакција

Нови 302 случаи на Ковид-19 од 2.024 тестирања, во Скопје 165

Редакција

Истражување: Населението е во голема опасност, поради недостаток од Д витамин

Редакција