еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипјанец и двајца кочанци завршија во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Еден штипјанец и двајца жители на Кочани се спроведени во државен карантин во Скопје, бидејќи не ја почитивале мерката за изолација и самоизолација.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на коронавирусот, како што се здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена извршен е спровод на 54 годишниот С.А. од Кочани и 22 годишниот О.У.од Штип до Скопје во објект за државен карантин.

По вчерашниот случај на заразен лекар во Итната медицинска помош денеска бројот на заразени во оваа здравствена служба е зголем за уште еден вработен, останатите петмина вработени кои биле во неделата на смена со лекарот остануваат во самоизолација и денеска веќе им се земени брисеви.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Маријa Димитрова за МИА вели дека епидемиолозите земале и брисеви и од шестмината здравствени работници од одделот за неонатологија, акушерство и гинекологија, кои исто така се во изолација по позитивниот тест на медицинска сестра.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека во болницата се лекуваат 19 пациенти од коронавирусот, а двајца се сомнителни и ги чекаат резулатите. Пациентите се со лесна, средна, а во тешка состојба е 80 годишен пациент.

Утринава на помош на здравствените работници во болницата „8 Септември“ заминаа и три медицински сестри од Одделениијата за очно, интерно и ушно од Клиничка болница-Штип.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да примаат решенија за самоизолација

Три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно за самоизолација, регистрирани 705 прекршоци за неносење маски

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв смртен случај од корона вирусот во Грција

Редакција

Светозар Јаневски: Направивме развој од граница до граница, а зборуваме за свет без граници

Редакција

Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“

Редакција