еМагазин
Image default
Локално

Штипјанец наседна на измамата со огревни дрва

На 09.04.2019 во 19.20 часот во Полициската станица Штип, М.С.(62) од Штип пријавил дека бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, истиот ден околу 11.30 часот во неговиот двор дошло лицето и му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар, информира МВР.

М.С. му дал 14.500 денари за дрвата, по што лицето отишло по камионот со дрвата, кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип. Откако лицето не ги донело дрвата по одреден период, М.С. заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Педофил уапсен на скопскиот аеродром

Редакција

Кривична пријава за скопјанец: Со објава на Фејсбук ја загрозил сигурноста на пратениците

Никола Осило

Полицајци спречиле Кинез илегално да влезе во земјава