еМагазин
Image default
Македонија

Штипското обвинителство отвори предмет за бегството на Игор Спасов

Штипското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за бегството на поранешниот специјалец Игор Спасов, којшто е осуден на казна затвор од 14 години за убиство на Мартин Нешковски.

Од обвинителството за МИА сопштија дека ќе се истражува целокупната медицинска документација за бегалецот Спасов, којшто една година бил на лекување, а не во Затворот во Идризово, а ќе се проверува и постапката по која е донесено решението.

Портпаролот и судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова во телефонскиот разговор за МИА вели дека за отварање на предмет од страна на јавното обвинителство за бегството на Спасов првпат слушнала од новинарите. Инаку потврдува дека од страна на Судскиот совет е побарано да им се достави предметот за Спасов.

Меѓународна потерница по Спасов е распишана на 29 октомври годинава, откако истражните органи не го пронајдоа на територија на Штип и на целата држава. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври. Бегалецот Спасов казната затвор ја издржува од 2011 година. Тој е прогласен за виновен за убиството на Мартин Нешковски, кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад во Скопје на парламентарните избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има нов кластер: 5 новозаболени од Ковид-19 во Куманово, едно лице во Липково

Редакција

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

Редакција

ВМРО ДПМНЕ: Вице Заев е дел од структурите штo уценуваа и им се закануваа на пратениците

Редакција