еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Македонските граѓани веќе навикнаа најголемите политички партии во земјава предводени од двоецот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како вечен привезок на лидерски средби, наместо во парламентот, да решаваат за важни политички прашања какво што е и прашањето околу судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметите кои произлегоа од прислушуваните разговори.

Ваквата практика се оправдува со терминот политички дијалог, кој е повеќе од потребен во нашата земја, но во Собранието каде што целата македонска јавност би можела да чуе за што се залагаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо тоа, двете најголеми партии од власта и опозицијата повеќе сакаат дијалогот да се води зад затворени врати далеку од очите на јавноста за потоа да можат пред граѓаните да бараат алиби и да изнесуваат свои верзии за средбите и обвинувања зошто тие завршиле неуспешно.

Затоа, оправдани се сомнежите на јавноста дека наместо политички дијалог СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ всушност водат дебата кои случаи на СЈО треба да се стават под тепих односно дали сите случаи треба да се забошотат за да имаме мир во куќа.

Тие најверојатно веќе се договорени, а сега пред јавноста глумат меѓусебна политичка борба, секогаш оставајќи ја можноста за продолжување на преговорите.

На двете страни треба да им биде јасно дека играта им е веќе провидна и дека со минирање на институциите како Собранието каде што треба да се води дебатата околу политичките прашања само се поткопуваат основните демократски принципи.

Зошто воопшто да ги плаќаме пратениците ако лидерите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си ја договораат иднината на земјата, Собранието само парафира закони, а пратениците служат како машини за гласање?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Професор од Кавадарци измисли паметни канти

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Кавадарци за набавка на масло за горење вреден 180.000 евра

Никола Осило

(Фото) Министерката Нина Ангеловска супер се „носи“ во новата улога: Моден стил скроен по нејзината харизма

Никола Осило