еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Во емисијата „Кирилица“ на авторот и водител Миомир Мариќ на српската телевизија ТВ Хепи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски стигнал до Унгарија со пасаван, привремен документ, издаден во Амбасадата на Унгарија во Тирана, Албанија и лична карта.

Со овој документ според Вучиќ, Груевски ја поминал српско-унгарската граница, во придружба на двајца Унгарци, а со него и лична карта и влегол во Србија.

„На 10. ноември во текот на ноќта, некаде меѓу 1 и 2 (часот), немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегува на територијата на Албанија. Влегува во придружба на две лица од унгарска националност и влегуваат во Црна Гора, на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пасаван издаден во унгарската амбасада во Албанија. Потоа влегува во Србија на 11. ноември во 22:27 преку граничниот премин Гостун повторно со важечка лична карта„, рече Вучиќ.

За информациите дека Груевски патувал со унгарски дипломати, нема потврда од унгарските власти. Тие неколку пати посочија дека додека трае процедурата за азил, кој го бара Груевски, нема да соопштуваат никакви детали.

Никакви информации нема и од македонските власти.

Албанската полиција соопшти дека Груевски ја напуштил Албанија во друштво на унгарски дипломати и дека најверојатно влегол во земјата нелегално, пеш.

Црногорските медиуми пак објавија дека Груевски влегол и излегол од Црна Гора во придружба на унгарски дипломати.

Што е пасаван?

Пасаван е привремен документ, привремен патен документ, привремен пасош кој го издава амбасада или конзуларно преставништво.

Најчесто пасаван се издава ако лицето изгубило документ-пасош (или истиот му истекол), без кој неможе да патува во странство и вообичаено е со рок на важење од 3 до 30 дена.

Познато е дека на Груевски му се одземени двата пасоши, личниот и дипломатскиот, но не и личната карта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Адвокатот на Груевски: Ми се јави од Унгарија, „киднапирањето“ го примив со неверување

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

(Фото) Транспарент со Груевски „виси“ на унгарскиот Парламент

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На Фитр Бајрам, Реисот Сулејман Реџепи се ожени по втор пат со 50 години помладата Емина Јетиши

Редакција

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција

Ковачевски ги испратил поканите за лидерска средба на 7. ноември

Редакција