еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што ќе работи ОТА?

Оперативно-техничката агенција (ОТА) од вчера почна со работа.

Како ќе работи оваа агенција?

Законот за ОТА го уредува основањето на Оперативно-техничка агенција, надлежностите, раководењето, правата и обврските од работен однос на работниците во ОТА, стручниот надзор што ОТА го врши над работата на операторите и нејзиното финансирање.

ОТА е самостоен и независен државен орган кој обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи.

ОТА е предвидено да дејствува како посреднички орган кој воспоставува технички премин помеѓу операторот и овластените органи, без можности за активирање или спроведување на снимањето на следените комуникации.

Што ќе работи?

Техничката поврзаност се обезбедува исклучиво врз основа на судска наредба заради спроведување на следењето на комуникациите во согласност со Законот за следење на комуникациите.

Во овој контекст, заради вршење на надлежноста на ОТА ѝ се обезбедуваат медијациски уреди за следење на комуникациите.

Се предвидува дека ОТА активира и создава технички услови за следење на комуникации за кривични истраги и заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата.

Во овие рамки, за да се создадат техничките услови Оперативно-техничката агенција овозможува техничко поврзување меѓу операторите и медијацискиот уред (LEIMD) сместен во ОТА; овозможува техничка поврзаност помеѓу техничките уреди (LEIMD и LEMF) сместени во ОТА; овозможува техничка поврзаност помеѓу технички уред (LEMF) сместен во ОТА и работните станици што се користат за спроведување на следење на комуникации сместени во просториите на овластените органи.

Во истиот контекст, се предвидува дека ОТА овозможува одржување на техничките уреди сместени во ОТА, воспоставување мерки и процеси за избегнување на внатрешни и надворешни компјутерски упади и хакирање, како и секаква злоупотреба од страна на вработените во ОТА.

Ќе ја следи и работата на операторите

Покрај наведеното, ОТА врши и стручен надзор над работата на операторите. Начинот на вршење на работите во надлежност на ОТА е предвидено да биде уреден со подзаконски пропис кој го донесува директорот на Оперативно-техничката агенција.

ОТА за претходната календарска година најдоцна до крајот на февруари во тековната година, а по потреба и по барање на Собранието на Република Македонија, доставува и дополнителни извештаи.

Годишниот извештај задолжително содржи податоци за: бројот на активирани комуникации за потребите на овластените органи; бројот на активирани комуникации за секој овластен орган одделно (во овој број не се наведува бројот на активираните комуникации за потребите на безбедноста и одбраната); состојбата и констатираните наоди при извршените стручни надзори од страна на ОТА над работата на операторите; бројот на спроведени дисциплински постапки за работници во ОТА; финансиското работење на ОТА.

Извештајот задолжително се објавува на видливо место на интернет страницата на Собранието на Република Македонија.

Во однос на надзорот се предвидува дека за вршење на стручен надзор над работата на операторите, директорот од редот на работниците во ОТА формира Комисија за стручен надзор, составена од претседател и двајца членови.

Наведената комисија врши надзор над употребата на техничката опрема и електронските комуникациски водови кои служат за поврзување на ОТА и операторот, при што по извршениот надзор, Комисијата изготвува Извешај за работата на операторот во кој се содржани укажувања за работата на операторот во однос на состојбата и употребата на техничката опрема и електронските комуникациски водови кои служат за поврзување на ОТА и операторот.

Комисијата го доставува Извештајот до операторот во рок од три дена по спроведувањето на надзорот, а извештајот се доставува до Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите на Собранието на Република Македонија и до Владата на Република Македонија, за информирање.

Како ќе се следат комуникациите

Владата на Република Македонија обезбедува движен и недвижен имот и осигурува дека техничките уреди (LEIMD и LEMF) за следење на комуникации, како и техничката документација се пренесуваат од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање во ОТА.

Во овие рамки, согласно истиот член, медијациските уреди за следење на комуникациите кои се во сопственост на операторите, а кои ги користи Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање, се пренесуваат во ОТА до денот на отпочнување на примената на овој закон.

Во функција на ефективно отпочнување и овозможување на следење на комуникациите се предвидува можност за новооснованата ОТА да преземе работници од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање со нивна согласност на работни места кои одговараат на нивната стручна подготовка, односно квалификации.

Работниците кои се преземаат во Оперативно-техничката агенција се лица кои имаат искуство во ракување со техничките уреди за целите на следење на комуникации и нивниот број не може да изнесува повеќе од седум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зоран Ангеловски, првиот директор на ОТА, која ќе го следи прислушувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставиле барања за субвенции за воведување нови авиолинии

Редакција

Заев во одбрана на Анѓушев

Редакција

Пет нови случаи со Ковид-19 во тетовско

Редакција