еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што ќе значи за клиентите спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка

Преку спојувањето двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте Групацијата.

Земајќи го во предвид волуменот на комбинираната банка, сега таа ќе биде позиционирана на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население. Исто така, со интеграцијата се очекува Банката да биде лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги.

Засега, сметките на клиентите на Охридска банка, како и условите за кредити дефинирани во договорите на клиентите остануваат исти. Исто така и условите за користење на платежните картички остануваат непроменети, а клиентите немаат обврска да ги заменуваат во моментот нивните картички, велат од Банката.

Двете банки ќе функционираат како засебни правни субјекти на пазарот. Интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија се очекува да се случи во вториот квартал од 2021 година.

„Поминавме доста, а ни претстои и еден долг предизвикувачки период. Главниот фокус и понатаму останува грижата за нашите клиенти. Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија. Државата ќе ја добие четвртата најголема банка, со пазарно учество од 14%.

Оваа банка ќе донесе бројни бенефити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски сектор“, изјави Нина Неданоска, претседател на
Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

“Преку поврзаноста со Ерсте Групацијата, придобивките за корпоративните клиентите се видливи во повеќе аспекти, во делот на финансирање и пристап до средства, вклучително и во прекуграичното финансирање. Клиентите ќе можат дополнително да ги почувствуваат и придобивките во делот на платниот промет и самата конкурентската предност на банката.

Една од првите придобивки за клиентите на свете банки ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати ширум земјата, како и можноста за подигнување на средства од банкомати со дебитни картички без провизија, почнувајќи од 01 Јануари 2020 година.

Интегрираната банка ќе има знајачно учество и видливост на пазарот преку понудата на широк спектар на банкарски производи, инвестициски фондови, осигурителни, лизинг и готовински услуги“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе значи за клиентите спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

Редакција

СОНК денеска на нови преговори со Владата за платите

Редакција

(Видео) Vertigo – млад бенд кој создава музика проткаена од разновидни жанрови

Редакција