еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Што открија Викиликс и Асанж: ЦИА прислушува преку телевизори и „паметни“ мобилни телефони

По апсењето на Џулијан Асанж, еМагазин во серијал Ве потсетува на најголемите откритија на Викиликс.

Како прислушува ЦИА?

Во март 2017 година Викиликс почна да објавува големо количество на документи поврзани со работата на американската тајна служба ЦИА, означени како строго доверливи.

Според Викиликс, ЦИА злоупотребувала производи од најголемите технолошки компании во светот како што се „Ајфон“ од компанијата „Епл“ и уредите со оперативен систем „андроид“ од компанијата „Гугл“, оперативниот систем „Виндоус“ од „Мајкрософт“ и телевизорите на „Самсунг“ и ги претворала во „свои орудија“ и „скриени уреди за прислушкување“.

Документите според Викиликс откриваат на кој начин ЦИА ги шпионира луѓето ширум светот со помош на уреди кои секојдневно ги употребуваат.

Според Викиликс, ЦИА и британската разузнувачка служба МИ5 заедно направиле малвер кој ги инфицира „телевизорите на Самсунг“ и ги претвора во прислушни уреди.

Викиликс објави и дека ЦИА собрала голем број податоци за слабостите на разни софтвери кои ги прават светските гиганти како што се „Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и останатите компании, но тие компании не ги информирала за слабостите, туку пропустите ги користела за шпионажа.

Според Викиликс, ЦИА нашла и начин да ги заобиколи енкрипциските кодови на апликациите како што се „ВатсАп“ и „Телеграм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што откри Викиликс: Зошто Хилари Клинтон му е лута на Асанж

(Вознемирувачко видео): Што открија Асанж и Викиликс: Како американската војска уби новинари и цивили

По апсењето на Асанж: Што објави „Викиликс“ за Црвенковски, Груевски, Глигоров, Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија ги затвори границите за 13 држави меѓу кои и Македонија

Редакција

Убава вест: 123 оздравени од Ковид-19, во Скопје 77

Редакција

„На СДСМ им застарува власта на 12 април“: Твитер реакции оти Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Редакција