еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Министерство за правда информираше дека го испратило барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски.

Во барањето е образложено дека ниедно од делата за кои Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно, овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.

“Правата на Никола Груевски во секој момент биле обезбедени, вклучувајќи го и правото за одбрана пред судските органи согласно Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.

Никола Груевски се бранел од слобода и во ниедна постапка не му е изречена мерката притвор.

Имал обезбедено повеќе бранители по сопствен избор со кои имал непречени можности за комуникација и ги користел сите права кои му се на располагање согласно Законот за кривична постапка.

Укажуваме и дека судската постапка во која е донесена пресудата и другите постапки кои се водат против Никола Груевски се мониторирани од страна на ОБСЕ чија членка е и Унгарија.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 28.8.2018 година, го објави првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на СЈО и за ниту еден од мониторираните предмети не е истакната забелешка во поглед на правата на обвинетите, ниту може да се истакне било каков сомнеж дека кривичните постапки се политички мотивирани. Овој извештај е јавно достапен на интернет страницата на ОБСЕ.

Исто така, истакнато е дека Република Македонија е безбедна земја и не се наоѓа во никаков конфликт, меѓународен или внатрешен, а кој би го ставил во опасност животот и телесниот интегритет на било кој поединец.

Никола Груевски како поранешен претседателот на Владата на Република Македонија, имал лично обезбедување од шест припадници на МВР кое му следува согласно домашната легислатива.

Исто така, напоменуваме дека Груевски во ниеден случај не пријавил дека неговиот живот и личен интегритет биле во опасност“, стои во барањето.

Во барањето се укажува и на ништовноста на дадените помилувања од претседателот на Република Македонија, како и на фактот дека истите беа отповикани, како и на тоа дека Груевски самиот се откажа од даденото помилување со писмо доставено до кабинетот на претседателот на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Унгарски медиуми: По скратена постапка донесена одлука за барањето за азил на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео од дрон) Мицкоски од маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Власта многу ветуваше, но не исполни

Редакција

Поднесени 12 обвиненија за инцидентите на протестот против францускиот предлог

Редакција

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Редакција