еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Артан Груби, старо-новиот вицепремиер и министер

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Кој е Артан Груби

Артан Груби останува на позициите прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Груби е роден во Скопје на 7 jуни 1977 година.

Основното и средното образование завршил во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнува со звањето дипломиран новинар.

На истиот Факултет ги завршил постдипломските студии од сферата на медиумите и комуникациите на тема „Улогата на новите медиуми во транзициони општества”.

Груби докторирал на Факултетот за социјални науки – политички науки при Државниот универзитет во Тирана на тема „Улогата на медиумите во граѓанското учество во политичко – општествени промени.“

Груби е оженет и татко на 3 деца.

Професионална и политичка кариера

Професионалната кариера Груби ја започнал во 1999 година во невладиниот сектор и во работа со меѓународните организации во Македонија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово, како и во Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот трибунал и американски агенции за помош со разни оперативни задачи.

Од мај 1999 до октомври 2000 година е менаџер на проект во ЦРС, одговорен за целокупното управување со програмата за храна и засолниште за бегалци. Во истиот период е и координатор на проект за програма за засолништа и рехабилитација во Куманово.

Во период од октомври 2000 до декември 2004 година работел во Хашкиот трибунал извршувајќи оперативни задачи со Канцеларијата на обвинителот во Косово, Македонија, Србија, Црна Гора, Хаг, итн.

Од јануари 2005 година до март 2008 година ја извршувал функцијата политички асистент во Кабинетот за политички советници на НАТО.

Во периодот од март 2008 година до март 2011 година е политички советник во амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Во периодот од април 2014 до декември 2016 година е избран за пратеник во Собранието, а членува во комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и е потпретседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Од април 2016 година до август 2020 година повторно е избран за пратеник во Собранието. Во текот на овој мандат е претседател на Комисијата за европски прашања и претседател на Пратеничката група за соработка со САД, а членува и во Комитетот за односи меѓу заедниците, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за прашања на изборите и именувањата и е потпретседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во втората Влада предводена од Зоран Заев.

Од мај 2013 година предава на Факултетот по новинарство на државниот универзитет во Тетово по предметите Теории на комуникации, медиумите и конфликтите, интерперсонална комуникација и односи со јавност.

Груби е основач и од мај 2006 година до мај 2011 година и претседател на граѓанското движење „Разбуди се!“, невладина организација која иницира воспоставување граѓанско општество во рамките на албанската заедница во Македонија и има за цел да промовира поголема толеранција, еднаквост и граѓански активизам.

Од мај 2011 година во Демократска унија за интеграција извршува повеќе високи функции како шеф на Кабинетот на претседателот на ДУИ и негов политички советник, додека во 2019 година е избран за организациски секретар на партијата.

Член  е на Генералниот совет и претседателството на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Славица Грковска, новата вицепремиeрка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси 

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Редакција

Злосторства како на филм: МВР откри морничави детали за серискиот убиец од Добрејци

Редакција

Антикорупциска формирала тим за договорот со „Бехтел и Енка“

Редакција