еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Бујар Османи, старо-новиот министер за надворешни работи

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Кој е Бујар Османи

Бујар Османи ја задржи функцијата министер за надворешни работи.

Османи е роден на 11 септември 1979 година во Скопје.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот од 2006 до 2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург.

Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година.

Бујар Османи е оженет и е татко на две деца.

Зборува англиски и делумно француски јазик.

Професионална и политичка кариера

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во 2008 година е назначен за министер за здравство и таа функција ја извршува се до 2011 година.

Од 2011 година е специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје.

Во 2011 исто така е назначен за секретар за комуникација со јавност при Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Во јуни 2017 година е назначен за заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Како предводник на Секретаријатот за европски прашања, Османи воедно ја извршуваше и функцијата Национален координатор за распределба на странска помош и ИПА фондови во земјата.

Од јули 2018 година е назначен за шеф на државната делегација и главен преговарач со Европската Унија.

Османи е постојан член на Владиниот кризен штаб за справување со Ковид-19, а во првата половина од 2020 година, беше назначен за Главен координатор на локалните кризни штабови и Кризниот штаб на Градот Скопје.

На 30 август 2020 година, Османи е избран за министер за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Славица Грковска, новата вицепремиeрка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси 

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, од Скопје, Дебар и Струмица

Редакција

Склучен еден од најголемите договори за осигурување на живот во државата: Триглав Осигурување Живот ќе ги осигура вработените во Раде Кончар и Смелт-ИНГ

Редакција

Одбиени приговорите: На Антонио Милошоски и уште 12 лица ќе им се суди за „Моќник“

Редакција