еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Хисен Џемаили, новиот министер без ресор задолжен за домашни инвестиции

Хисен Џемаили, новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера и официјално ја презеде функцијата.

Кој е Џемаили?

Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија.

Во 2011 година станува магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово.

Работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.

Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието.

Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик.

На јавноста и е познат по случајот „Мавровски работници“

Она што не го пишува во неговата официјална биографија е дека Џемаили, кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот.

Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница, бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието, ниту во суд.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Османи новиот министер Хисен Џемаили не бил вмешан во случајот „Мавровски работници“

Која е Елизабета Наумовска, новиот заменик-министер за образование и наука

Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии

Кој е и каков имот пријавил Кирил Колемишевски, новиот заменик министер за економија

Фото: Фејсбук/Џемаили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

Редакција

(Фото) Заев замина приватно за Германија, во Приштина се сретна со Рамуш Харадинај

Редакција

Не e точно дека подмочувањето е нормална работа за жените кои родиле

Никола Осило