еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Драган Тевдовски и официјално повеќе не е министер за финансии, откако синоќа беше разрешен од страна на Собранието.

Според најавите тој треба да му стане советник на премиерот Зоран Заев, кој се откажа од оваа фотељја по реакцијата на Антикорупциска комисија, а привремен министер за финансии ќе биде додека не се избере нов.

Што пишува во неговата биографија?

Д-р Драган Тевдовски на местото министер за финансии во Владата на РМ доаѓа од позицијата вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На Економскиот факултет работи од декември како помлад асистент од декември 2002 година до септември 2007 година, потоа како асистент од септември 2007 година до септември 2010 година, и доцент од септември 2010 година до септември 2015 година, стои во официјалната биографија објавена на веб страната на Владата.

„Во 2016 година ја добива наградата Најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на општествените науки за 2015 година. Истата година, врз основа на анкетата на порталот Fakulteti.mk, е избран за еден од најинспиративните професори во Македонија“, стои во биографијата.

Во декември 2006 година Тевдовски магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија.

„Сите предмети на постдипломските студии ги положил со оценка 10. Во февруари 2010 година успешно ја одбранил докторската дисертација на Економскиот факултет во Скопје и се стекнува со титулата доктор по економски науки“, пишува во биографијата.

Во 2013 – 2014 година, остварува постдокторски студиски престој на CREATES, Aarhus University во Данска, во областа на економетријата.

Ко-автор е на два универзитетски учебника „Статистика за бизнис и економија“ и „Вовед во анализата на временските серии“ и две научни монографии.  Има објавено 45 научни трудови и 8 политички анализи.

“Некои од неговите трудови се објавени во престижни научни списанија: Economics of Transition, Economic Systems, Empirical Economics, Empirica, European Journal of International Management, Romanian Journal for Economic Forecasting, Global Labour Journal, Croatian Economic Survey и Economic Annals.

Во рамки на Првата обука за инвестициони советници, организирана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, одржувал предавања по предметите: квантитативни методи и статистика и портфолио менаџмент. Дополнително, одржува курсеви и обуки за бизнис заедницата“, стои во биографијата.

Во 2012 година ја добива годишната награда за истражување на меѓународниот Global Development Network за испитување на интеракциите на фискалната и монетарната политика во земјите со фиксен девизен курс, во соработка со Горан Петревски и Јане Богоев.

„Неговите политички анализи се објавени од реномирани меѓународни институти, како FES, NDI, FEPS и SOLIDAR.  Дополнително, пишува колумни на економски теми и досега има објавено 25 колумни. Учествувал на 95 научни конференции и семинари во странство“, стои во биографијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

И Јована си заминува со Тевдовски од Министерството за финансии

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Зеколи: Тевдовски навреме не разбра дека успешен министер кај нас мора да има свои гангстери, новинари, проститутки

Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Биљал Касами, новиот градоначалник на Тетово

Редакција

(Фото) Градоначалникот Бочварски и министерот Спасовски ја пресекоа џиновската пастрамајлија за старт на штипската „Пастрамајлијада“

Редакција

Јавниот сектор во пократок рок ќе ги исплаќа обврските кон приватниот

Редакција