еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во изборната програма на Блерим Река: Нула проблеми со соседите, стабилна мултиетничка република

еМагазин во серијал Ви ги преставува изборните програми на тројцата кандидати за претседател на државата.

Републиката е во центарот на изборната програма на претседателскиот кандидат, Блерим Река.

„Македонија е држава, но не и Република. Вистинската Република ја прават: владеењето на правото, функсионалната демократија, независното судство и почитувањето на човековите права„, стои во неговата програма, која се базира на пет приоритети.

Ви пренесуваме дел од програмата:

СТАБИЛНА МУЛТИ-ЕТНИЧКА ДРЖАВА (внатрешна политика)

Mојот прв приоритет ќе биде довршување на концептот на мулти-етничка република, кој што досега постоеше само во содржина, (мулти-етничко општество), но не и како форма (мулти-етничка држава). Ова демографска содржина треба да се институционализира во форма на мулти-етничка Република.

За скоро две декади од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор (ОРД), се уште не се комплетираше овој мулти-етнички државен концепт. Време е Македонија, од пост-конфликтната фаза, да премине во пред-интеграциона фаза. За да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, треба да го имаме затворено етничкото досие, за да бидеме како стабилна држава преговарач.

Официјализирањето на албанскиот јазик останува последното отворено интер-етничко прашање. Трите закони за јазиците (2008, 2011 и 2018), не го решија проблемот, затоа што погрешно го озаконија концептот на тнр. “статистичка нација” од 20%. Овој компромис можеби беше издржлив во 2001 година, но е и во 2019 година. Можеше да биде како пост-конфликтно решение тогаш, но секако не сега, кога очекуваме почеток на преговори со ЕУ. Македонија како идна земја членка на ЕУ, треба да се надмине над националните предрасуди и прифаќајќи ја демографската реалност, истата треба да ја конституционализира.

И при последните уставни измени, барав да се замени статистичката клаузула од 20%, со зборот албански јазик, за да се затвори и последното интер-етничко отворено прашање, и да не се навраќаме на тоа повторно, кога ќе ги отпочнеме преговорите за членство со ЕУ.

Освен јазикот, се уште не е имплементирана целосно ни другата компонента од ОРД- адекватна застапеност во државната администрација, ниту квантитативно (каде ниту тој фамозен 20% , не се оствари до 2018 – туку некаде 19,37%), ниту квалитативно (каде што се уште 5 највискои државни функции остануваат едно – етничко резервирани: председателот, премиерот, МНР, министерот за финансии и шефот на разузнување).

Затоа мојот концепт не е општество за сите, туку држава за сите. Ако сме дел од тоа општество за сите, тогаш треба да сме дел и од државата која е на сите, вклучувајќи ги и службениот јазик како и највисоките државни функции.

ОРД требаше да се имплементира до 2004 година, а ние сме во 2019, а за сите тие години Секретаријатот за имплементација на ОРД беше воден од Албанец. Можеби овде и беше грешката, затоа што требаше на чело на тој сектор да биде Македонец.

МАКЕДОНИЈА 30 НАТО ЧЛЕНКА (безбедност)

Првиот- внатрешен приоритет за стабилна мулти-етничка република, се надoврзува со вториот – надворешен и безбедоносен, а тоа е Република Северна Македонија – 30-та членка на НАТО.

Како што се докажа, за едно такво стратешко прашање како НАТО, не ќе стигневме, ако немавме меѓу-етнички консенсус. Иако со години за Албанците се градеше негативен наратив, дека тие се “против државата” и дека сакаат да и ги “прекројат нејзините граници” и слично – нивното гласање на референдумот, како и гласовите на албанските пратеници за уставните промени го докажаа спротивното.

Според сите претходни анкети, Албанците излегоа најголеми НАТО подржувачи, како и сите партии на Албанците, што је негира погрешната перцепција за Албанците, како “субверзивен и анти-државен елемент”.

Апсолутно мнозинство на Албанците беше за зачленување на земјата во најголемата воено-политичка алијанса, т.е. согласно (чл. 5) од Основачкиот договор на НАТО, како гаранција за безбедноста и територијалниот интегритет на една земја членка.

Албанците се покажаа државни патриоти во клучните моменти, и се сплотија со македонските сограѓани. Парадоксално, еден дел од Македонците, беа и се уште се против членството на земјата во НАТО.

Како Врховен командант на воените сили на државата – 30 земја членка на НАТО- во мојот мандат ќе спроведувам само една стратешка цел: Евро- атланската надворешна и безбедоносна политика.

ДРЖАВА ПРОГОВАРАЧ СО ЕУ (надворешна политика)

Мојот нареден надворешен приоритет е почеток на преговори со ЕУ до крајот на оваа година. Во 2006 година пред моето поаѓање во Брисел како амбасадор, на прашањата на новинарите: “дали Македонија ќе се зачлени во ЕУ во вашиот амбасадорски мандат”, одговорив, дека би бил среќен ако Македонија ги започне преговорите.

И после 12 години- сега како председателски кандидат- се уште разгoвараме за истиот приоритет.

За разлика од НАТО, кој е геополитички процес, почетокот на преговори со ЕУ, е и технички, па нема да биде толку лесно реализиран без испорачување на бараните реформи во познатите 4 области.

Токму во овие области ние како да ретерираме. Од заробена држава за 11 години под поранешната Влада, и приватна држава за 10 години од председателувањето, верувавме дека државата ќе се ослободи и ќе се де-персоналириза. Но тоа се уште не се случи: судството ни е се уште политички зависно, Специјалното обвинителство неизвесно, јавната администрација непотизирана, криминалците амнестирани, обвинетите пратеници имунизирани, а безбедоносниот сектор се уште нереформиран.

За разлика од НАТО, членството во ЕУ е посложен процес, кој што е дво-смерен, едниот е внатрешен и зависи од нас, а вториот е надворешен и зависи пред се од земјите членки. Со нашите спроведени реформи, треба да ги убедиме најмалку 3-те земји членки дека ги исполнивме 4 барани услови за почеток на преговорите.

Преговорите ќе почнат токму со поглавјата 23 и 24 (владеење на правото и независно судтсво) каде и имаме најмалку прогрес. Посебено ако Врховниот суд – наместо Собранието е толкувач на законот, а Собранието не го одзема имунитетот на обвинетите пратеници, и амнестира кривично одговорни пратеници. А сигурно не, ако јавната администрација се зголемува и се непотизира.

НУЛА ПРОБЛЕМИ СО СОСЕДИТЕ (Регионот)

По годините на изолирана држава, оптоварена со соседски спорови, Република Северна Македонија затвори две билатерални отворени прашања, со Бугарија и со Грција, а верувам наскоро и третиот – со Србија за признавање на аутоќефалноста на Македонската правослвана црква и спорот околу Прохор Пчински.

Со останатите два соседа Република Косово и Република Албанија, ни досега, а не верувам ни во иднина, ќе имаме оворени прашања.

Една четвртина од населението и половина од нашите државни граници со овие две држави, беа мост за градење на добрососедски односи.

Како иден претседател ќе продолжам со оваа помирувачка соседска политика на платформата: нула проблеми со соседите.

ПЕРСПЕКТИВНА ДРЖАВА, А НЕ ПРАЗНА ДРЖАВА (Визија за иднината)

Зошто треба да се реализираат овие 4 претходни приоритети? За да им се допаднеме на Брисел? Заради НАТО и ЕУ? Или за нас самите?

Членството во овие организации е доброволно, а не принудно. Самите одлучуваме дали ќе сме нивна членка. Но треба да знаеме дека вон нив сме изолиран остров. ЕУ дава вредности, а НАТО безбедност, така да со нашето зачленување, на земјата ќе и се врати перспективата.

Само со нашето членство во овие две Евро – атлански организации, земјата станува стабилна, сигурна и компатиблина на нивните стандарди, а со тоа и атрактивна за странски инвестиции.

Со странскиот капитал, доаѓаат и новите работни места и спречување на масовниот одлив на граѓаните.

Целата негова програма ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блерим Река професионално: Од амбасадор до кандидат за претседател на државата

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

Фото: Фејсбук/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуцко Петрол ја зголеми сопственоста во ОКТА

Редакција

ЕСМ побара од Макпетрол до четврток да достави понуда за гас за цела грејна сезона

Редакција

„Да можевме сами дома да се средиме, немаше да бараме членство во ЕУ“: Твитер за „студениот„ туш од Меркел и Макрон

Редакција