еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во изборната програма на Силјановска Давкова: Македонска салата и Македонија без Северна

еМагазин во серијал Ви ги преставува изборните програми на тројцата кандидати за претседател на државата.

Изборната претседателска програма на Гордана Силјановска Давкова е поделена на неколку теми помеѓу кои Право и правда за Македонија, Уставот, Меѓународното право и Преспанскиот договор,  Економија, Безбедност, одбрана и НАТО, Животна средина и правда, Надворешна политика, Македонија со соседите, НАТО, ЕУ.

Во претседателската програма, Силјановска Давкова не го користи новото уставно име, а во гласачкото ливче ќе биде избор за претседател на Република Северна Македонија.

Ви претставуваме дел од содржината:

ПРАКТИКУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА

Давање мандат за формирање влада: во отсуство на јасни и прецизни уставни одредби за роковите и за начинот на утврдување на капацитет за формирање влада, а во интерес на државата, ќе користам не само политички критериуми, туку и експертска помош, раководејќи се од досегашната пракса.

Пред доделувањето на мандатот за формирање влада, ќе остварам консултации со лидерот, односно лидерите на партиите што имаат мнозинство во парламентот. Мандатот ќе го добие оној што ќе понуди најсигурни гаранции дека навистина има капацитет, односно потребно мнозинство во парламентот.

УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР

На македонскиот народ со промените сврзани со Преспанскиот договор, му е одземено правото на самоопределување, коешто е jus cogens во светлина на меѓународното право. Почитувајќи ја јасно изразената волја на македонските граѓани од септември 1991 година, како и од септември 2018 година, но и како граѓанин, лично нема да ја користам придавката Северна.

ЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА

Македонска салата – е онлајн платформа која ќе биде посветена на промовирање на Македонија преку лични искуства на луѓе во најразлични области: култура, народ, образование, забава, бизнис, природа и храна. Платформата ќе користи комуникациски алатки за вклучување на глобалната публика во виртуелен дијалог, вмрежување, размена на знаење и искуства за Македонија.

ЕКОНОМИЈА

Инвестициска оаза – Мој приоритет е промоција на Македонија како безбедна земја со високо квалификуван кадар, земја на млади и паметни луѓе и најдобри услови за вложување на капиталот. Привлекување странски инвестиции со цел создавање нови работни места кои ќе создадат своевиден притисок на пазарот на труд и ќе придонесат кон подигање на просечната плата.

ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРАВДА

Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието.

Целата програма, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Редакција

Над 1.000 рецепти за хронична терапија препишале матичните лекари, наместо специјалисти

Редакција

Во Охридското Езеро се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски-Џамбо

Редакција