еМагазин
Image default
Балкан

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Ципрас

Во извештаите за патувањето на Алексис Ципрас во Северна Македонија грчките медиуми акцентот го ставаат на големата делегација со која тој пристигна во Скопје, големиот број министри и бизнисмени кои го придружуваат, на пораките што ги испрати преку интервјуто за МИА, но и на историското значење на посетата, прва на еден претседател на грчка Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за МИА, вчера беше една од главните теми во Грција заедно со денешната посета.

Електронските изданија на медиумите, пренесувајќи го ексклузивното интервју на Ципрас, акцентот го ставија на политичката цена, на прашањето на МИА за вратоврската од Заев, но и на договорите што се планира да се потпишат во Скопје.

„Ципрас за МИА: Договорот од Преспа имаше политичка цена“; „Премиерот во Скопје- целта е зајакнување на билатералните односи“; „Ципрас: Договорот од Преспа, донесе политичка цена“; „Ципрас: Што направив со вратоврската што ми ја даде Заев“; „Ципрас со пола влада во Скопје“; „Со четири договори Ципрас денес во Скопје“; Ципрас до Северна Македонија: Историска посета за градење заемна доверба и соработка“; „Ципрас во Скопје со 120 бизнисмени и пола влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Премиерот Алексис Ципрас за историска ја карактеризира неговата посета на Северна Македонија, прва официјална на грчки премиер на Скопје, во неговото интервју за новинската агенција МИА од соседната земја, а обраќајќи се до народот на соседната земја праќа порака за градење на заемна доверба – пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот на текстот, под наслов „Алексис Ципрас: Посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји“, текст преземен од голем број на други медиуми во Грција.

Посетата на Ципрас, заедно со пораките што ги испрати говорејќи за МИА, се најдоа на дел од насловните страници на денешните изданија на грчките весници.

„100 бизнисмени „го купуваат“ Скопје“ е централниот наслов на весникот „Етнос“ за посетата на Ципрас, со акцентот ставен на 10-те министри и 120-те бизнисмени кои патуваат со грчкиот премиер, како и на спогодбите што ќе се потпишат.

Весникот „Катимерини“ објави дека освен претставници на грчките комори, во Скопје со Ципрас пристигнуваат и директори на големи грчки компании од различни области.

Голем дел од медиумите во Грција, пред сѐ грчките телевизии, во Скопје испратија новинари кои одблиску ќе ја следат посетата на Ципрас. Со јавувања во живо, како за синоќешните централни изданија на вестите, така и во утринските информативни емисии известуваат за агендата на средби и активности на Ципрас во Скопје, но и објаснуваат зошто станува збор за историска средба.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, иако главната и централна тема беа изборите во Турција, сепак преку јавувања во живо од Скопје беа пренесени пораките на Ципрас, агендата на средби и темите за кои ќе разговара.

Грчката државна телевизија ЕРТ во живо го пренесе пристигнувањето на Ципрас на скопскиот аеродром, како и пречекот пред влада, а предвидено е да ги пренесува и другите активности на грчкиот премиер за време на првата официјална посета на земјава.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Димитров не го пречека Ципрас пред Влада

За кого носеше цвеќе министерот Бектеши на дочекот на Ципрас на скопскиот аеродром

Твитер фати „сеир“ за посетата на грчкиот премиер: „Ама ми е згоден овој Ципрас“

(Фото) Заев си направи селфи со Ципрас пред Владата и министрите и новинарите во позадина

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешениот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи Суд во Лондон

Редакција

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од моментите пред убиството на 29-годишниот навивач на АЕК

Редакција

(Видео) Торнадо на плажата Паљури на Халкидики

Редакција