еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО

Откако грчкиот парламент со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, сега, од седум останаа пет, помалку или повеќе, формални чекори кои ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО, пишува „Мета“.

Процесот, според најавите, би требало да заврши до крајот на годинава или почетокот на следната.

Првиот и вториот чекор, односно формалното спроведување на Преспанскиот договор во двете земји заврши – на 11 јануари во Македонија и две недели подоцна – на 25 јануари во Грција.

Ратификацијата на Договорот во Грчкиот парламент ја поздрави и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Договорот од Преспа е важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Со нетрпение ја чекам идната Северна Македонија да стане членка на НАТО“, напиша Столтенберг на „Твитер“.

Следниот чекор е НАТО да подготви Протокол на Вашингтонскиот договор за пристапување на новата членка. Тоа е всушност амандман на оригиналниот договор за Северноатлантски сојуз, склучен во 1949 година.

Веднаш потоа почнува четвртиот чекор, процесот на ратификација на протоколот, во кој секоја од 29-те членки на НАТО треба да го ратификува протоколот според националните процедури. Процесот трае различно во секоја земја. Се очекува процесот да заврши до крајот на годинава, а Грција најави дека прва ќе го ратификува протоколот.

Додека трае ратификација, Македонија до одредено ниво учествува во процесите во Алијансата. На пример, може да учествува на сите форуми и средби, но без право на глас. Или, како што најавуваат македонските функционери, „ќе добие столче во НАТО“.

Петтиот чекор е поканата за пристапување, која до Македонија ќе ја упати генералниот секретар на НАТО кога сите членки ќе ги известат САД, депонентот на договорот, дека го ратификувале пристапниот протокол.

Македонија во шестиот чекор ќе треба и самата формално да го прифати пристапувањето во НАТО – со референдум или со гласање во Собранието.

Потоа одлуката за пристап му ја доставува на Стејт департментот на САД, „чуварот“ на Вашингтонскиот договор, и формално станува членка на НАТО.

Мета/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција одекна во светските медиуми

„Стани Зелче, ФИРОМ почина“: Твитер за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков го бараат за да му дадат решение за куќен притвор, ама не можат да го најдат

Редакција

„Само несигурните во својата сексуална ориентација имаат проблем со сексуални разлики“: Твитер за Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Редакција