еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

На собраниската седница за стартување на процедурата за промена на Уставот, „за“ гласаа сите пратеници од владејачкото мнозинство и пратениците од опозицијата: Сашо Василевски, Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.

Пред почетокот на седницата пратениците од опозицијата доставија свои барања односно како што велат во писмото „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните амандмани“.

Еве кои се условите:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет.

2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.

3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.

4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 71-годишна возраст од рак почина актерката Кирсти Ели

Редакција

(Видео) Кавадарци добива јавен градски и приградски превоз

Редакција

Јункер, Могерини и Хан радосни за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент

Редакција