еМагазин
Image default
Македонија

Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат опциите по Самитот на ЕУ

Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат и анализираат сите опции, велат од Владата за МИА во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Македонија.

Анализи и консултации се вршат и во политичките партии, а веќе има најава и за можна лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Од Кабинетот на претседателот велат дека со информација за ова прашање ќе излезат по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел

Од ДУИ за МИА потврдија дека претседателот на партијата Али Ахмети добил покана од шефот на државата за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“.

Засега нема потврда за тоа дали поканата веќе ја добиле и лидерите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и евентуално други политички партии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

31% од населението над 18 години вакцинирано со прва доза на вакцина

Редакција

Ковачевски денеска во Брисел на вонреден лидерски состанок на НАТО за ситуацијата во Украина

Редакција

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Редакција