Од денеска, пациентите кои се заболени од корона вирусот кај нас, ќе се лекуваат со крвна плазма и примена на озонотерапија. Но, што всушност претставува терапијата со озон?
Озонот е високоактивен облик на чист кислород, кој се создава во горните слоеви на атмосферата поради влијание на ултравиолетовите зраци, а негова главна функција е да не штити од штетно УВ-зрачење. Многу истражувања потврдуваат дека озонот има терапевтско влијание и таа терапија се проучува и употребува последните 150 години.
Во медицината, терапијата со озон се користи со цел за т.н дезинфекција на одредени места во организмот и подобрување на неговата состојба. Дезинфицирајќи го просторот околу себе, озонот придонесува за подобрување на внесот на кислород до клетките и подобрување на имунитетот.
Оттука, озонската терапија го подобрува внесот на крв во мозокот, ги ублажува воспалителните процеси, го забрзува зарастувањето на раните, ги уништува бактериите, микроорганизмите и паразитите во организмот.
Најчест облик на примена на озонотерапија е по интравенозен пат. Од пациентот се земаат околу 150 милилитри крв од вена, која потоа помешната со озон повторно се вбризгува назад.
Оваа терапија се користи и подмладување односно освежување на кожата, така што поволно влијае и на намалување на брчките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој може да донира крвна плазма за лекување на пациентите болни од корона вирусот