еМагазин
Image default
Локално

Што се ќе се гради на видиковецот кај Козјак

Ресторан со придружни содржини почна да се гради на видиковецот кај Света Петка на патот кон езерото Козјак. Градежните машини се на локацијата и го расчистуваат теренот.

На таблата поставена на ограденото градилиште пишува дека одобрението за градба е издадено од Општина Сопиште на 10 мај 2017 година. Инвеститор е Влатко Костенчев, а гради Кат-инг градба доо Скопје.

Од Општина Сопиште информираа дека е предвидена изградба на ресторани, сместувачки капацитети од тип на бунгалови и спортски игралишта.

Според ДУП-от, предвидено е 70 отсто да биде зеленило. Станува збор за ДУП за туристичко-рекреативен спортски центар „Козјак“ изработен од Министерството за транспорт и врски, со согласност од „Јасен“, МЗШВ, МЖСПП и Министерството за култура.

МИА/Фото: Фејсбук/Дадо Тапсанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ресторан со пратечки содржини „никнува“ кај познатиот видиковец на Козјак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбележување на 76 годишнината од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Редакција

Битолчанец физички ги напaднал родителите

Редакција

Ги блокирале сред автопат со „Порше“ и „Мерцедес“ и ги нападнале

Редакција