еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што се крие зад константното купување акции во Комерцијална банка од страна на Адора Инженеринг и Чифлиганец?

Како и минатата година, Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје, чиј управител е бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кој од лани е во Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, и годинава продолжува со купување на акции во Банката.

Вчера преку системска блок трансакција компанијата Адора Инженеринг купи 15.191 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, за кои плати околу 1,4 милиони евра.

Сега како што информираа од Банката, Адора Инженеринг заедно со поврзаните лица поседува вкупно 245.347 обични акции, односно има учество од 10,76% во основната главнина на Комерцијална банка.

Со оваа трансакција Адора Инженериг ја „забетонира“ позицијата на најголем акционер во Комерцијална банка, која ја стекна минатата година кога почна да купува акции во Банката.

Имено, лани во мај и јули преку повеќе берзански трансакции беа истргувани акции на банката, чиј купувач беше Адора Инженеринг, која со овие трансакции го надмина прагот од 5% од вкупно издадените акции на Комерцијална банка и заклучно со 31.12.2018 година заедно со поврзаните лица имаше учество од 10,09% во вкупниот број на издадени акции и 10,10% во вкупниот број на акции со право на глас, стои во годишниот извештај на Банката за 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адора Инженериг ја „забетонира“ позицијата на најголем акционер во Комерцијална банка, кои се другите акционери?

Адора Инженеринг е купувачот на 15.191 акција од Комерцијална банка за кои плати 1,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на Брима Галуп: 10% од Македонците носат маски, 5% ракавици, а 9% не презеле никакви мерки за заштита

Редакција

Путин им врати на лидерите на Г7: Би било одвратна глетка, ако тие ја соблечат облеката

Редакција

Македонската компанија ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно

Редакција