еМагазин
Image default
Интервју

Што се крие зад успехот на Vivax клима уредите во Македонија?

Во Македонија по 11-ти пат се одржа Vivax Cool Day на кои беа претставени новостите од Vivax, посебно оние кои ќе се направат со клима уредите.

Овој ден е синоним за работата на Паком Компани, која е официјален претставник на Vivax во Македонија, затоа што на овој ден тие имаат директна комуникација со нивните соработници и истата ја пренесуваат во својата работа и идно функционирање и со тоа ја зацврстуваат својата позиција на пазарот во Македонија.

Поради тоа што Vivax, преку Паком Компани, се најдобри на пазарот за клими во Македонија и за да дознаеме повеќе за формулата на овој успех разговаравме со Маргарета Гњатовиќ Спиров, генералниот директор на Паком Копмани, и Филип Трифуновски, претставник на Vivax во Паком Компани.

VIVAX клима уредите дефинитивно доминираат на пазарот во Македонија. На што се должи овој успех?

Маргарета Гњатовиќ Спиров: Фокусот и вложувањата на М Сан Групација, мајка фирма на Паком Компани, како и стратегијата за развој и пионерството во иновации во изминативе 15 години, поткрепени со максималниот труд на локалниот тим на Паком, обезбедија Vivax клима уредите да го заземат водечкото место во продажба на клима уреди во Македонија и регионот.

Неодамна го организиравте VIVAX COOL DAY. Колку години се организира овој настан и која е неговата цел?

Филип Трифуновски: Задоволство ми е да споделам дека Vivax го оддржа својот 11-ти по ред Cool Day, претставувајќи го своето портфолио и новитети на повеќе од 100 наши долгогодишни партнери и соработници. Целта на овој настан е да го потврдиме нашето присуство на пазарот, ширината и сериозноста на нашето портфолио и логистичка дистрибутивна мрежа. Со овој настан, традиционално отвораме уште една успешна година, во која Vivax ќе покаже зашто е најдобар бренд во Македонија и регионот за клима уреди.

Кои беа новостите кои ги претставивте на овогодинешниот VIVAX COOL DAY?

Филип Трифуновски: Оваа година акцентот го ставивме на заштита на животната средина. Сите Vivax инвертер клима уреди ќе користат R32 фреон кој  овозможува  до 10% намалување во потрошувачката на електрична енергија и има 78% помало влијание врз глобалното затоплување од неговиот претходник R410. Доколку се направи промена во класичниот фреон во R32 во целиот свет, до 2030 година емисијата на CO2 ќе се намали за 800 милиони тони (19%).

 

VIVAX и оваа година ја доби Best Buy наградата. На што се должи ова? Како успевате со години да го постигнете ова ниво?

Маргарета Гњатовиќ Спиров: Нашата групација се стреми да го обезбеди најдобриот можен квалитет на клима уредите по пристапни пазарни цени, што е повеќе од 4 години препознаено од страна на крајниот потрошувач, и поради тоа и заслужениот примат Best Buy. Задоволството на корисниците е приоритет за нашата групација, и поради тоа Паком Компани вложува неуморно во развој, промоција, продажна стратегија и постпродажна поддршка, за крајниот потрошувач да има секогаш позитивно искуство, што понатака се пренесува на нови потенцијални корисници на Vivax клима уредите.

VIVAX покрај тоа што има голем успех со клима уредите произведува и нуди многу уникатни апарати и уреди како најновиот VIVAX Fly V1. Дали има некое ново изненадување кое може да се очекува од VIVAX и што се нуди брендот?

Маргарета Гњатовиќ Спиров: Со доза на скромност, можеме да кажеме дека Vivax се носи рамо до рамо со светските производители. Како бренд кој е присутен во повеќе од 35 земји, од Vivax се очекува и понатака развој на портфолиото на клима уреди, ТВ уреди, мали кујнски апарати, преносни аудио уреди, како и таблети и мобилни телефони во периодот кој претстои, во Македонија, во регионот, но и пошироко.
Vivax Fly V1 е новитет во портфолиото на мобилни телефони, кој го носи слоганот “Предобар” мобилен уред – индикација за квалитетот кој може да се очекува од сите Vivax уреди кои следуваат.

Како претставник на VIVAX во Македонија кои се Вашите клучни обврски и дали имате комуникација со групацијата врз која се должи напредокот на производите кои ги нудите? Има ли производ специфичен за македонскиот пазар?

Филип Трифуновски: Како главен и одговорен за брендот Vivax, клучните обврски се поврзани со сите сфери на работењето на брендот, од планирање на портфолиото и понудата, до маркетинг и продажна стратегија на брендот, контакти со продажните партнери и менаџирање на сите кампањи на Vivax и секако секојдневна комуникација со  колегите од групацијата. Овој модул на комуникација ни дозволува да ги воспоставиме потребите на потрошувачите и поради тоа секогаш преземаме чекори кои се во интерес на нашите корисници.

Вие сте генерален директор на ПАКОМ Компани. Како компанија со значителен раст на пазарот на што се должи Вашиот успех и како успевате да се соочите со предизвиците на личен и професионален план?

Маргарета Гњатовиќ Спиров: Патот до успехот не е без предизвици. За нашата корпорација и за Паком Компани, секој предизвик е потенцијал и тригер да се осознае нешто ново, да се осмисли нова продажна стратегија и позиционирање како да се реализира раст и успех за компанијата. Паком несомнено расте и целта е да продолжиме со успешна реализација и оправдување на позицијата на водечки дистрибутер на повеќе од 30 реномирани производители на ИТ опрема и потрошувачка електроника.

Самодовербата, несебичниот труд, проактивноста на тимот на Паком Компани, како и корпоративната култура да се биде најдобар дистрибутер и логистичка поддршка за партнерите во регионот, се тајните состојки во рецептот за успех на нашата фирма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хан за МИА: Добив уверување од Мицкоски дека нема да има бојкот на изборите

Редакција

Ѓеоргиева: Ветерината за мене е најблагородната професија на светот

Редакција

Манчевски: Работиме на сериозна стратегија за реорганизација на дел од вработените во државниот сектор

Редакција