еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Што се прави во црквите на Велипеток

Денеска е денот кога Исус Христос бил распнат и затоа овој ден уште се нарекува Распен петок, и затоа се смета за најтежок ден во годината.

Низ црквите не се служи литургија туку се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Одлуката за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок.

По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, кој го предал на народот, кој пак го осудил на смрт. Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.

Разбеснетиот еврејски народ кој го барал христовото распнување и смрт извикувал: “Крвта негова на нас и на нашите деца”.

Потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”.

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на (плаштеница) покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Верниците се поклонуваат пред неа и поминуваат под масата, притоа оставајќи јајца.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска пролет

Редакција

#СлушниЈА: Стави крај на насилството врз жени и девојки – започна кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“

Редакција

До среда дожд и грмежи, од петок стабилизирање на времето, а за викенд температури и до 36 степени

Редакција