еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што се случува со мерцедесот за чија набавка Груевски доби 2, а Јанкулоска 6 години затвор?

Со луксузниот мерцедес за чија што набавка поранешниот премиер Никола Груевски доби две години, а поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, шест години затвор, неодамна се возеше германската канцеларка Ангела Меркел.

За неговата набавка пред неколку години Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по објавувањето на „бомбите“ од страна на СДСМ, го отвори случајот „Тенк“, а истиот беше набавен за околу 600 илјади евра или попрецизно 35 милиони и 200 илјади денари, (околу 573 илјади евра).

Неговата вредност денеска е најмалку 234 илјади евра, колку што беше почетната за предвидената јавна лицитација на која требаше да се продаде со одлука на Владата.

Од Владата на крај сепак се откажаа од продажбата, додека не заврши судскиот процес за „Тенк“, бидејќи истиот е еден од материјалните докази.

Проценката за моменталната вредност на мерцедесот ја направи Службата за општи и заеднички работи на Владата во консултација со Бирото за судско вештачење, која го презеде возилото од Министерството за внатрешни работи, кое пред неколку години го купи.

При правењето на проценката било утврдено и дека возилото нема сервисна книшка.

Од Владата информираа и дека со парите од продажбата на возилото ќе бидат купени амбулатни возила.

Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Апелација потврди: 2 години затвор за Груевски

(ВИДЕО) Меркел се возеше со мерцедесот за кој Груевски доби две години затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

Редакција

За првпат партиите од албанскиот блок со 32 пратенички мандати

Редакција

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предложи Комисијата за заразни болести

Редакција