еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што се случува со предметот “Подарок“ на СЈО во кој се гони Зоран Ставрески

Како резултат на спроведена предистражна постапка на ден 10.10.2018 година донесена е Наредба за спроведување истражна постапка заведена како „Подарок“ против три лица и тоа Зоран Ставрески, Миле Јанакиески и Крсте Миладинов поради постоење на основано сомневање дека осомничените Ставрески и Јанакиески сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4, 3 и 1 в.в. член 22 од КЗ, а осомничениот Миладинов сторил едно кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4, 3 и 1 в.в. член 22 од КЗ, стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Подарок“.

“Во рамки на истражната постапка беа преземени повеќе истражни дејствија како прибирање и анализирање на документација, сослушување на сведоци, испитување на обвинети, како и дејствија на истражување – претрес на деловни простории и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци“, се вели за предметот во извештајот.

Други детали нема.

Според СЈО, осомничените Ставрески, поранешниот министер за финансии и Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, со учество во дејствие на извршување заедно со осомничениот Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, во периодот јануари 2012 – јули 2014 година, со умисла ја искористиле службената положба и овластување и за руската компанија ОАД Стројтрансгас од Москва прибавиле противправна имотна корист во износ 2.008.877.000 денари, односно близу 33 милиони евра, и во истиот износ нанеле штета на Буџетот на РМ.

Ставрески и Јанакиески биле овластени претставници за спроведување на Меѓувладината спогодба, склучена на 19 јуни 2010 година во Санкт Петерсбург меѓу Владите на РМ и Руската Федерација за регулирање на обврските на некогашниот СССР кон поранешната СФРЈ во делот на обврските кон Македонија.

Со спогодбата се регулира рускиот долг во износ од 60.560.242,44 американски долари да се затвори преку испорака на стоки, услуги и извршување на работи.

Според СЈО, во преговорите, Ставрески и Јанакиески договориле таа сума да се затвори со изградба на магистрален гасовод, делница „Клечовце – Блок станица 5″ за вкупна сума од 75.700.303,05 американски долари, или 55.647.292,77 евра, при што Русија учествува со 80 отсто, а Македонија со 20 отсто.

Меѓутоа, претходно, според СЈО, по нарачка на Министерството за транспорт и врски била изготвена Физибилити студија за изградба на гасоводна делница Клечовце – Штип, која гасоводна делница е подолга за речиси 36 км во однос на претходно споменатиот договор за делницата „Клечовце- Блок станица 5″.

Согласно студијата цената на чинење на изградба на делницата би била помеѓу 30 и 35 милиони евра, така што осомничените Ставрески и Јанакиески биле наполно свесни дека реалната цена е многу пониска од онаа договорена со руската страна, велат од СЈО.

“Сепак, и покрај тоа Ставрески и Јанакиески целокупниот руски долг го затвориле со обезбедување на услуга – изградба на гасовод, во изведба на компанијата од Москва.

Така, на затворена владина седница, со присуство на осомничените министри, Владата донела заклучок да се прифати понудата на руската компанија и да се потпише конечен договор. Потоа, Собранието на РМ, го прифатил владиниот предлог и во скратена постапка донело закон за изградба на гасоводот, при што од пратениците биле сокриени фактите од Физибилити студијата, според кои, реалната цена на чинење е далеку пониска, или, само 378.626,37 евра (за еден километар гасовод).

Во насока на склучување на договорот, осомничениот Крсте Миладинов, како директор на „Македонски енергетски ресурси” ја прифатил нереално високата цена на услугата од договорот, иако бил запознат со Физибилити студијата, оттаму и со реалната цена на чинењето на изградбата на гасоводот, па на 9 јули 2014 во Скопје го склучил договорот со руската компанија, со што на оваа компанија ѝ е овозможена противправна имотна корист во износ од 32.664.672 евра и 11 центи, колку што е оштетен и буџетот на Република Македонија.

Со ова, постои основано сомнение дека осомничените Зоран Ставревски и Миле Јанакиески сториле по едно кривично дело Злопупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со став 3 и 1 в.в член 22 од КЗ на РМ, а осомничениот Крсте Миладинов сторил едно кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4, 3 и 1 в.в. со член 22 на РМ.

Со една реченица РМ фактички со свои средства си го платила гасоводот, бидејќи учествувала со 20 отсто во договорот, што отприлика е целокупната (реалната ) сума на чинење, а долгот на Русија спрема РМ, фактички останал ” подарок ” за Русија“, кажаа од СЈО при презентацијата на овој предмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До каде е предметот „Рентген“ на СЈО, во кој се гони Никола Тодоров

Што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во кој се гони Бујар Османи

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

Фото: Фејсбук/Ставрески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство

Редакција

(Видео) Расист во Германија уби девет лица и ја застрелал мајка си пред да се самоубие

Редакција

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Редакција