еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Што содржи апликацијата со која Град Скопје конкурирал за „Европска зелена претстолнина 2021“

Градот Скопје апликацијата за „Европска зелена претстолнина 2021“ ја поднел во октомври годинава.

„Апликацијата која е на 150 страници содржи вовед и опширни одговори на прашања за постојната состојба со животната средина во градот, минатите активности во оваа област и плановите и чекорите што ќе ги преземе Град Скопје до 2021 година во 12 индикатори (показатели), и тоа: ублажување на климатските промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и еко-иновација, енергетски перформанси и управување“, информираат од Град Скопје.

Градоначалникот Петре Пилегов појасни дека признанието „Европска зелена престолнина“ не се однесува само на зеленилото, тоа е начин на функционирање на градот – алтернативниот превоз, енергетската ефикасност, транспортот и сите други мерки што се преземаатза подобрување на животот на граѓаните.

Во составувањето на апликацијата беа вклучени и стручни лица од секторите во Град Скопје, како и повеќе државни институции.

Во наредниот период Градот Скопје ќе биде предмет на евалуација од жири-комисија која ќе го вреднува напредокот на Скопје во сите области опфатени во апликацијата. Комисијата ќе престојува и во Скопје и на терен ќе ја согледа состојбата со животната средина и активностите за подобрување.

Жирито ќе ја процени посветеноста на градовите апликанти на одржливоста на урбаниот развој, нивниот капацитет да бидат пример за другите градови и нивната стратегија за комуникација и ангажирање на нивните граѓани.

Во април 2019 година ќе се направи потесен избор на градови кандидати за добивање на оваа награда.

Престижната награда „Европска зелена престолнина“ досега ја добиле:

– Стокхолм 2010

– Хамбург 2011

– Виториа – Гастејс 2012

– Нант 2013

– Копенхаген 2014

– Бристол 2015

– Љубљана 2016

– Есен 2017

– Најмеген 2018

– Осло 2019

– Лисабон 2020

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија ја прифати кандидатурата на Град Скопје за „Европска зелена претстолнина 2021“

Твитер „удри“ по Шилегов: „Скопје не може за град да се кандидира, не пак за зелен“

Шилегов не престанува да не засмејува, Скопје еден од најзагадените градови во Европа кандидат за најзелен европски град

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кавадарци ќе го користи изумот на професорот Ангелков, „паметни канти“

Редакција

Застрашувачка е листата на заболувања од аерозагадувањето

Редакција

(Фото) Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“

Редакција