еМагазин
Image default
Бизнис

Што треба да знаат корисниците, откако Вип стана А1

оне. Вип и официјално стана А1. Од компанијата ги споделуваат овие информации кои треба да ги знаат досегашните корисници на оне.Вип:

„Нема потреба од промена на опремата, претплатничкиот број, SIM-картичката или договорите за траен налог.

Постојните претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.

Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1, потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.

Нема промена во листата на ТВ-канали.

Во согласност со промените на името на брендот, се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1; Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност и непроменети.

За пристап до новите функционалности на апликацијата Мојот А1, потребно е корисниците да ја преземат новата верзија преку App Store/Google Play Store или да ја ажурираат преку прифаќање на опцијата „update“.

Детали за воведените новитети и уште повеќе одговори може да се најдат на www.A1.mk“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви понуди и промоции да очекуваат корисниците од А1

(Фото) „Вип“ стана „А1“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарска фирма без закупен капацитет за пренос учествувала на повикот за набавка на гас

Редакција

„Ван Хол“ кој има фабрика во Македонија, доби нови сопственици

Редакција

Петер Зелен си заминува од НЛБ Банка

Редакција