еМагазин
Image default
Локално

Шумар пронајден мртов во Охридско

Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС), на 12 јуни во 17:05 часот, доби повик од страна на службата за итна медицинска помош во Охрид. Според информациите од реонот на с.Вапила, шумски работници пријавиле дека го пронашле својот колега во бесвесна состојба.

„Тимот на ПСС, со теренско возило и тројца припадници му асистираше на лекарскиот тим од ИМП и за кратко време стигнаа на место на несреќата, по што за жал, од страна на лекар беше констатирана смрт. Тимот на Планинската Спасителна Служба асистираше и на увидната екипа од СВР Охрид, во пристапот до самото место на несреќа.

Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, жали за овој немил настан и прерано згаснат човечки живот“, информираат од таму.

фото: ПСС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно намален водостојот на Охридското Езеро

Редакција

Пожар во стан во Скопје

Редакција

Кривична за скопјанецот осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

Редакција