еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Швајцарци ќе ни го решаваат проблемот со ѓубрето во Тетово

Швајцарската влада ќе помага во решавањето на долгогодишниот проблем со собирање и депонирање на цврстиот отпад во Полошкиот регион. Преку грант се обезбедени 7,9 милиони швајцарски франци, кои што ќе се реализираат во две фази.

Првите две години ќе се работи на нова регулатива за управување со отпад во општините на Полошкиот плански регион, согласно европските стандарди како и подобрување на организацијата на регионалните и локалните системи за одлагање на отпадот.

Во втората фаза, во наредните четири години се планира реализација на регионални инвестициски мерки и потребната институционална поддршка-регионална депонија и друга инфраструктура и опремување на јавните претпријатија.

400.000 евра се обезбедени за реконструкција на патот до регионалната депонија Русино.

Фото: Фејсбук-профил на Огнен Чанчаревиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критично ниско нивото на Охридското Езеро, се бараат интервентни мерки

Редакција

Македонската асоцијација за управување со отпад дел од водечкиот саем „Екомондо“

Редакција

Ниту на повидок решение за справување со градежниот шут во тетовскиот регион

Редакција