еМагазин
Image default
Македонија

Сијарто: Присуството на Груевски во Унгарија е правно прашање кое не е поврзано со надворешната политика на земјата

Присуството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија го гледам како правно прашање и тоа нема никаква врска со надворешната политика на нашата земја, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто на денешната прес-конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Сијарто посочи дека и Груевски многу се залага за пристапувањето на земјава кон Европската Унија.

– Западниот Балкан е во фокусот на надворешната политика на Унгарија. Тоа е една од причините зошто ја поддржуваме вашата интеграција толку гласно и ефективно, а за некој што бил премиер во овој регион десет години, претпоставувам дека има многу добри сознанија и разбирања за регионот, јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии. Можам да кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ, рече Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија е еден од најголемите поддржувачи на земјава како јавно, така и зад затворени врати и оти така ќе продолжи и понатаму.

Вицепремиерот Османи на прашањето дали разговарале за екстрадицијата на Груевски, одговори дека тоа е правно прашање.

– Ова е правно прашање кое ги засега институциите од таа област и тие комуницираат, но не сме дозволиле од првиот ден ова прашање да ги оптоварува добрите политички односи меѓу нас и Унгарија, рече Османи.

Тој посочи дека нема да дозволат какви било прашања да интерферираат во добрите односи меѓу двете држави.

МИА/Фото: СЕП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот министер за надворешни, Сијарто: Одложувањето на датумот беше многу нефер за вашата земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа две лица од Скопје и по едно од Тетово и Дебар

Редакција

Грција сменила еден сообраќаен знак, наместо Скопие, сега пишува Скопје

Редакција

31 година независност: „Обединети во слободата“ е мотото под кое ќе бидат одржани повеќе свечени и културни настани

Редакција