еМагазин
Image default
Македонија

Силјановска: На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот

Професорката Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за престојните претседателски избори, на својот Фејсбук профил реагираше на денешната изјава на премиерот Зоран Заев, дека таа е надвор од секој можен концепт за актуелната власт и дека не е прифатливо решение за власта.

„Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните…, па можам и да кажам и на концептот за едно општество за сите“, рече Заев.

Силјановска на Фејсбук напиша:

„На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот.

И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот.

Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.

Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари.

Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара.

Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе, а никој не презема политичка одговорност за трагедијата„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџииите се испокараа за физичкиот изглед на Силјановска, првиот кандидат за претседател на државата

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрено обвинението за сообраќајката кај Сити мол

Редакција

Нефи Усеини од ДУИ веќе не е советник во Советот на Охрид, поднел оставка од лични причини

Редакција

Екс градоначалникот на Битола Талески доби уште 2 години затвор за „Транспортер 2“

Редакција