еМагазин
Image default
Македонија

Силјановска не седнала на „жешкото столче“ на „Телма“ поради набиена агенда

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, ја појасни причината зошто не учествуваше на синоќешната дебата на Телевизија Телма „Жешко столче“.

Член на нејзиниот Граѓански штаб во изјава за МИА рече дека Силјановска во рамки на набиена изборна агенда учествуваше на четири дебати и даде над 100 интервјуа за домашни и странски медиуми.

– На дел од медиумите засега не успеа да одговори на барањата за интервју или дебата и тоа ќе го исполни пред вториот круг на изборите. Професорката Силјановска учествуваше на првата дебата на Телма и повторно ќе учествува на други дебати и интервјуа во овој медиум, но смета дека на рамноправна основа треба да ги испочитува барањата за настапи и од другите медиуми, вели за МИА член на Граѓански штаб на претседателскиот кандидат Силјановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска не сака да седне на „жешкото столче“ на „Телма“

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ24: Македонија ќе добие 100.800 на „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот

Редакција

Во суд се слушат„бомби“ за „Траекторија“: Груевски барал во изградба на патишта да се вклучи и Ѕинго

Редакција

Утврдени повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци во ДИК

Редакција