еМагазин
Image default
Македонија

Силјановска обвинува за тешки злоупотреби во изборниот процес

За жал и покрај јавните заложби на дел од политичките структури дека Македонија мора да има чист фајл во однос на изборите од што зависи се разбира и датумот со преговори со ЕУ, денеска морам да информирам за еден скандал кој што можеме и да го наречеме „Големото око“, „Големото уво“, како сакате но во секој случај е голем проблем за Република Македонија, стои во реакцијата на тимот на кандидат за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

„Имено во текот на денот од анонимно лице таканаречен свиркач до член на тимот на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова беше доставен документ коj укажува на сериозно прекршување на изборниот процес и неколку закони со кои се прекршуваат голем број лични прaва на граѓаните на Македонија.

Од документот е јасно дека постојат индиции дека со помош на апликација за смарт телефони за оперативен систем андроид се прекршени не само Изборниот законик, туку и други темелни вредности на македонскиот уставен систем

Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата.

Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаме апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани.

Преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта.

Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес.

Им сугерираме на сите граѓани веднаш да ја избришат апликацијата преку која што една партија има целосен увид во приватниот живот на граѓани. Апелираме до граѓаните да одбијат да разговараат со тернеските екипи на СДСМ кои што од нив бараат било каков податок.

Документот е доставен до Јавното обвинителство, ДИК, Комисијата за заштита на лични податоци, странски институции и организиации и амбасади, ОБСЕ, ОДИХР, МВР оддел за компјутерски криминал. Ќе бидат информирани се разбира и низа други меѓународни организации во Брисел, во САД, европски членки и НАТО.

Од Јавното обвинителство бараме да преземе итни мерки за спречување на уништување на доказите:

-ЈО да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата.

-ЈО да направи увид и конфискација на серверот во Социјалдемократскиот сојуз со цел да се утврди фактичката состојба кој што говори овој документ.

Постојат индиции дека на серверот спротивно на сите закони се складираат лични податоци на граѓани.

Според индициите прекршени се најмалку следниве основни човекови права:

-Право на приватност.

-Право право на фер изборен процес.

-Право на заштита на лични податоци.

Со оглед на тоа што овде се работи и за следење на животите на граѓаните и скаладирање на лични податоци, фотографии и видеа на граѓани овој скандал може да се нарече не само „Големо уво“, туку „Големото око“. За жал по сите предходни скандали од овој тип не научивме дека изборите се празник на демократијата, а не можност за тешки злоупотреби на човековите права.

Не очекуваме овој скандал да ја наруши победата на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова, но за жал овој скандал може да влијае негативно на можноста за добивање на датум за преговори со ЕУ нешто што е главна цел на македонските граѓани„, стои во реакцијата.

Фото: Фејсбук/Силјановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Не е точно дека постои апликација која прибира податоци од граѓаните

Бидете внимателни партиите во кампањата да не Ви ги злоупотребат личните податоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирани нови 70 армиски подофицери, Шекеринска најави ново вооружување, од 2024 година и набавка на хеликоптери

Редакција

Починаа двајца кумановци заразени со Ковид-19, вкупно 551

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: Македонија беше окупирана од фашистичка Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна

Редакција