еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Силен ветер и денеска: Снег во Маврово, Дебар, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово…

Во поголемиот дел од земјава изутрива врне снег, кој е поинтензивен на југозападот.

Најмногу снег ноќеска наврна во Пожаране каде што е формирана снежна покривка од 36 сантиметри, во Маврово 33, Дебар 22, Битола 21, Охрид 19, Прилеп 15, Попова Шапка 9 и Тетово 6 сантиметри.

На пониските предели врне дожд.

Во текот на ноќта дуваше и умерен до засилен северен ветер, кој достигнуваше брзина од 80-100 км/час.

Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во текот не денов. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде.

Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 28,2%: Минатата недела 267 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Четири години од смртта на Калина и Александар: Петто зимско планинарско искачување на Клепа, во нивна чест

Редакција

Агенција за лекови: Граѓаните да не користат антибиотици за третман и превенција од Ковид-19 на своја рака

Редакција