еМагазин
Image default
Локално

Силно невреме во тетовско: Град, силен дожд и ветер направија реки од улиците

Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот.

Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.

„Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно се движеше по улиците“, информираат жителите на Слатино.

Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во куќа во Тафталиџе: Пет противпожарни возила се борат со огнот

Редакција

Татко си ја бара ќерката: Малолетно девојче од Драчево побегнало од дома

Редакција

Исчезна девојче од Скопје кое боледува од епилепсија

Редакција