еМагазин
Image default
Бизнис

Синдикатот бара заболените од Ковид-19 и работниците во изолација да добијат цела плата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара работниците заболени од коронавирусот, COVID – 19, работниците кои се во изолација или во самоизолација поради изложеност на COVID – 19, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 проценти.

-Во изминатиот период, сведоци сме дека голем број на работници не по нивна вина, или се заболени од COVID – 19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник кој бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното места и од тие причини потребно е Владата, веднаш преку носење на Уредба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 проценти како надомест на плата за боледување односно за време на привремена неспособност за работа, се вели во соопштението од ССМ.

Со ваквата Уредба, велат од Синдикатот, ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во тие исклучително сложени и тешки моменти за нив, а со тоа ќе се обезбеди и сигурност на платата и егзистенција на работниците се со цел наминување на таквата состојба.

-Потсетуваме дека обврска на сите нас е да ги зачуваме здрави работниците, бидејќи само здрави работници, можат да ја вратат економијата на здрави нозе.

Дополнително, укажуваме дека реагиравме на појави во одредени компании кога  работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она коешто го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, се додава во соопштението.

Управата за јавни приходи, сметаат од Синдикатот, потребно е веднаш да информира кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500,00 денари на работниците, поради тоа што на крајот на денот, како што велат, таа државна помош ќе биде враќана преку даноците кои ги плаќаат токму работниците, а во тој случај за нашите пари бараме транспарентност и отчетност.

Владата потребно е да го има ова во предвид при продолжување на финансиската поддршка за исплата на плати, порачуваат од ССМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Европа“ ја зголеми сопственоста во „Фершпед“

Редакција

Компанијата за аутсорсинг, ЕМАПТА, отвара делововен простор во ТИРЗ Скопје 1, ќе вработи 850 лица за пет години

Редакција

Почна изградбата на првиот Штип Сити Мол: Се очекува да стартува со работа кон крајот на 2022 година

Редакција