еМагазин
Image default
Локално

Синдикатот на Клинички центар реагира на предложеното зголемување на цената за паркинг

Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар реагира на предложеното зголемување на месечното паркирање за вработените на паркинг местата во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и бара од министерот за здравство Венко Филипче да го искористи својот личен и авторитетот на институцијата за надминување на овој проблем.

Според синдикатот, најавеното зголемување на цената за паркинг услуги најмногу ќе ги погоди вработените во Клиничкиот центар кои земаат нето плата од 12.503 денари.

– Истовремено, доколку Советот на Град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП „Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5 проценти за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0 проценти, велат од Синдикатот, додавајќи дека предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во Клинички центар.

Од Синдикатот велат дека доколку доколку се изгласа предлогот на ЈП „Градски паркинзи“, тогаш ќе бидат принудени да преземат соодветни мерки за заштита на правата на своето членство.

На денешната седница на Советот на Град Скопје треба да биде разгледана Предлог-одлуката со која се предлага зголемување на месечното паркирање на 800 денари за вработените од Клиничкиот центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за кавадарчанец кој заедно со девојката дилале хероин

Редакција

Скопјанец пронајден починат во својот дом

Редакција

Кривични пријави за обид за убиство за крвавата пресметка пред хотел во Стар Дојран

Редакција