еМагазин
Image default
Македонија

Синоличка Трпкова: Се’ одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци

Фејсбук статусот на актерката Синоличка Трпкова, за актуелната состојба со корона-кризата во Македонија предизвика лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи.

„Се’ одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци. Здравството иако на колена со децении сепак можеше да ни помогне со знаењето на лекарите.

Министерот за здравство, како лекар, заедно со комисијата, си ја тераше обврската професионално.

И тогаш тргна возот со политиканти и местенки и ја гангреносаа единствената надеж. И тоа на перфиден мијалковистички начин.

Се’ во име на здравјето на граѓаните. Кога само би знаеле вие од политичките партии, колку насобран револт има кај луѓето со мозок во земјава, заради сето тоа особено!

Не може и не смее повеќе во 21 век да ни кројат судбина луѓе на кои религијата им е на прво место и со неа мафтаат кај стигнат. НЕ – МО – ЖЕ! И НЕ-МО-ЖЕ државни празници да содржат верски празници.

Една педа земја сме со мулти-култи народ. Не може на секој да му се праи ќефот и адетот“, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани

Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај

58,8% од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај, а 21 лице е со претходни заболувања

Фото: Фејбук/Трпкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски благодарен на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина

Редакција

Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција

(Фото) Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија: Евроатлантската иднина има големо геополитичко значење

Редакција