еМагазин
Image default
Македонија

Синот на Цветанка Иванова го демантира Јанушев за политички влијанија во неговата фирма

Како сопственик и управител на фирмата ДПТУГ „ДИКОР ЦД,“ ДООЕЛ Струмица целосно ги демантирам наодите што генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги пласира во јавноста, регираше денеска сопственикот Зоран Иванов.

„Обвинувањата што во јавноста се пласираат за работењето на мојата фирма, како и за наводни политички влијаниа во интерес на работењето на мојата фирма се паушални, без никакви аргументи и конкретни факти и докази. Станува збор за невистини, лаги и клевети, со едниствена цел да го наруши угледот на моето семејство.

Фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица е стопански субјект кој повеќе од десет години опстојува на пазарот. ВМРО-ДПМНЕ, веројатно во желбата да ме дискредитира мене, а и мојата мајка Цветанка Иванова, со целосни лаги и манипулации се обидува да фрли дамка на постапка којашто беше транспарентна и во која целосно се запазени сите процедури.

Мојата фирма, тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за извршување на патни работи во зимски услови на територијата на подрачјето на Штип, го доби во постапка во која ги запази и ги исполни сите неопходни услови.

Фирмата ДПТУГ „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица сиве овие години работи професионално, успешно и целосно почитувајќи ги сите законски прописи и постапки“, се вели во демантот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Синот на Цветанка Иванова добил тендер од државата за чистење на патиштата во Источна Македонија

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица руски туристи починаа во Албанија, престојувале и во Охрид, истрагата се проширува и во Македонија

Редакција

Кривична за Оливер Спасовски за обрасците за личните документи од „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски

Редакција

(Фото) Зградата на МНР во боите на НАТО, по повод двегодишнината од членство во Алијансата

Редакција