еМагазин
Image default
Македонија

Синот на Мира „дизел“ најави отказ од работното место во ЕЛЕМ

Синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска позната во јавноста и како Мира „дизел“, Виктор Стојчевски по отварањето на случај од страна на Антикорупциската комисија и низата негативни реакции во јавноста, најави отказ од неговото работно место во државната компанија ЕЛЕМ.

Стојчевски отказот го најави на Фејсбук:

„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности, имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет.

При крај сум со магистерските студии на Градежниот факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера.

Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста.

Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила: Мира „дизел“ има само кредит и кредитна картичка

ЕЛЕМ за синот на Мира Дизел: Кандидатот ги исполнува условите

„Мира Дизел во два дена си го вработи синот, братот и си го унапреди мажот„: “Завидлизам“ на Заев, хит на Твитер

Братот и сопругот на Мира Дизел ќе дадат отказ, синот не

Фото: Фејсбук/Стојчевска/Стојчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасовски: Партиите да ја прилагодат изборната кампања согласно препораките за корона вирусот

Редакција

Mеџити, Касами и Гаши се обединуваат во опозициски блок

Редакција

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Редакција