еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите четворица кои починаа од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Од Министерството за здравство вчера информираа дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје на 73-годишна возраст, примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес на 82-годишна возраст, хоспитализиран на 22 мај.

Во ГОБ „8 септември“ пак почина пациентка од Скопје на 76-годишна возраст, примена на 21 мај и пациентка од Тетово на 55-годишна возраст, примена на 27 мај.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Пријавени се 4 смртни случаи, од Скопје, Тетово и Велес. Случаите се на возраст од 55-83 години, сите со присутни симптоми.

Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Сите имале пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а ниту еден немал контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупниот број на починати поради компликации од корона вирусот во Македонија е 126.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром„: Твитер реакции за растот на бројот на заразени со корона вирусот

Неодговорните граѓани и тие што не веруваат дека постои корона вирусот на крај ќе не остават и без леб

Чаир има повеќе активни заразени со корона вирусот отколку што Дебар имаше вкупно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Таргет-Тврдина“: Ременски ќе бара отштета за прислушувањето

Редакција

На скопјанец „му пукнал филмот“: Му го запалил џипот „БМВ Х-6“ на газдата поради неисплатени плати

Редакција

Ѓорѓија Сајкоски ќе го води изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори

Редакција