еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

Вкупниот број на потврдени случаи со коронавирусот во Македонија, според последните податоци, објавени вчера, изнесува 617.

Вчера беа регистрирани 18 нови случаи.

“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (5), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 8 женски и 10 машки лица.

Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 7 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 12 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не е регистрирано лице кое има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 351 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 18 или 5,1% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

(Фото) Синот на српскиот претседател Вучиќ заболен од коронавирусот

Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 71 бремени жени заболеле со Ковид-19, без симптоми биле 32

Редакција

Поднесени 82 приговори за изборите до ДИК, рокот истекува денеска

Редакција

За три дена нови 1.171 случаи со Ковид-19, тројца починати и 1.390 оздравени

Редакција