еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: 17 лица од новозаболените имале контакт со постоечки случаи, а 3 неодамна патувале

Според последните податоци, заклучно вчера, во Македонија вкупно има 285 заболени лица со коронавирусот и 26 нови случаи.

“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 13 женски и машки лица.

Хоспитализирани се 5 лица, а останатите се на домашно лекување.

Од КИБФС, испишани се 9 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV2.

Кај осум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 17 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 3 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 252 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 26 или 10,3% од тестираните.

Регистриран е еден смртен случај од COVID-19. Се работи за пациент на 80 години, од Дебар. Кај починатиот симптомите започнале на 22.03.2020 година, хоспитализиран е на КИБФС на 25.03.2020, а на 29.03.2020 е регистриран смртен исход. Имал контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата“, стои во анализата на податоците за новозаболените од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем раст на бројот на здравствени работници заболени со кворонавирусот

Расте бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Расте бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

(Видео) „Бев на часови по англиски“: Бабичка од Србија му се „правда“ на полицаец зошто е надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ќе нуди Штип Сити мол: Последни подготовки пред отворањето

Редакција

Војната во Украина може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата

Редакција

Реџеп Таип Ердоган положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат

Редакција