еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Сите детали: Грција во мај ги „отвара“ продавниците, трговските центри, фризерските салони…

Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа на први јуни, согласно главните оски на „безбедносниот мост кон новото секојдневие“, што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Владата на Грција, презентирајќи ги главните точки на планот за следните два месеци, под новиот слоган „Остануваме безбедни“, рече дека земјата го ограничи првиот бран на вирусот и подготвена е да поминеме во втората фаза од планот, што „не е епилогот на перипетијата, туку е продолжение“.

– Мај не е март. Тогаш требаше да го одбраниме нашето здравје и да спасиме животи останувајќи дома. А сега сме повикани, да се вратиме методично, постепено, на некои од нашите познати активности. Нашиот нов слоган е „Остануваме безбедни“. Излегуваме од дома, но секогаш остануваме одговорни, порача Мицотакис

Од понеделник целосно се укинува ограничувањето на движењето, односно обврската на граѓаните при секое излегување да праќаат смс порака или да пополнуваат потврда.

Паралелно, ќе се отворат продавниците како што се книжарниците, продавниците за електронски производи, за спортски производи, фризерските салони (само со закажување), додека пак останатите продавници, ќе се отворат една седмица подоцна на 11 мај, а трговските центри на 1 јуни.

Наставата за матурантите ќе започне на 11 мај, една недела подоцна одново ќе тргнат на училиште учениците од средните училишта, а секако ќе постојат посебно правила за да се избегне метеж.

Основните училишта и градинките засега остануваат затворени, а постои веројатност да се отворат на 1 јуни, само, како што рече Мицотакис, „ако сме апсолутно сигурни дека текот на епидемијата се движи по надолна линија“.

Во однос на црквите, Мицотакис рече дека од 4 мај ќе бидат отворени за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај, верниците ќе може да присуствуваат на литургиите, но под одредени правила кои дополнително ќе се одредат.

На 1 јуни ќе започнат со работа угостителските објекти, а ќе се отворат и хотелите кои што функционираат во текот на целата година.

Грчкиот премиер рече дека во текот на летото речиси е невозможно да се дозволат големи собири како што се фестивали, концерти и или спортски натпревари со публика.

Мицотакис порача дека на 4 мај започнува ново секојдневие за граѓаните, а се додека не се најде соодветна вакцина или ефективна терапија „новиот коронавирус ќе живее меѓу нас“.

-Сепак, клучот за успех повторно ќе биде нашата индивидуална дисциплина, одговорноста, довербата во упатствата на експертите. Резултатот што го постигнавме е голем, но е сѐ уште е кревок.

Да се вратиме на нашите животи и нашите работни места е потешко отколку да останеме дома. Затоа, колку што ќе се олабавуваат ограничувањата, толку ќе се зголемува улогата на личната одговорност. Па така, слоганот „остануваме дома“ останува во сила. Не излегуваме без причина. Остануваме безбедни, рече Мицотакис

Грчкиот премиер во видео пораката до граѓаните ги претстави главните оски на владиниот план, додека пак шест заменици министри, на прес конференција попладнево детално ги објаснуваат аспектите на конкретниот план во однос на работата на продавниците, болниците и здравствените установи, работата на јавниот сектор, како и јавниот превоз.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За летување во Грција можно да ни е потребен „здравствен пасош“

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Зоранчо Мицевски, кој го разреши Судскиот совет

Редакција

28-годишно момче починало од струен удар во објект во Маркова Сушица

Редакција

(ВИДЕО) На 96-годишна возраст почина познатиот грчкиот композитор Теодоракис, авторот на „Гркот Зорбас“

Редакција