еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Од денеска македонските граѓани ќе можат користејќи ја апликацијата „МојДДВ“ да бараат поврат на 15 отсто од данокот на додадена вредност за купени добра или користени услуги.

Од УЈП веќе информираа дека поврат на дел од ДДВ-то ќе можат да бараат само граѓаните кои се регистрирани на системот “е-Персонален данок“.

Преку апликацијата „МојДДВ“ треба да се скенира баркодот од фискалните сметки и на тој начин да се оствари правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Со пријавувањето на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 % од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

Правото на враќање на данокот се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Правото на враќање на данокот може да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена.

Враќањето на данокот може да се оствари во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари.

Владата очекува дека доколку граѓаните бараат фискални сметки со овој механизам да им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно и да се подобри фискалната дисциплина односно граѓаните да станат своевидни даночни инспектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер ја „подбра“ Владата: „Ајфон е за богати, а на богатите не им треба поврат на ДДВ“

Детален преглед: Што пишува во законот за враќање на дел од ДДВ на граѓаните?

Сите детали: Колку пари граѓаните ќе може да си вратат со повратот на ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија 10. во светот според „Дуинг бизнис 2019“

Редакција

4 се вакцинирани: Од Ковид-19 починаа 9 лица, дополнително пријавени уште 2

Редакција

Врабoтен во МВР во слободно време бесплатно ќе превезува лица до аптеки и маркет во неговата општина Ѓорче Петров

Редакција