еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Како ќе се пресметува новиот данок за моторни возила?

Владата со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила, пишува во предлог-законот за данок на моторни возила кој е во фаза на подготовка во Министерството за финансии.

На Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) е објавен нацртот на предлог-законот во кој може да се види каква ќе биде методологијата за пресметка на новите даноци и како ќе се пресметува основицата.

Во целост Ви ги пренесуваме одредбите од нацрт-законот.

ПРЕСМЕТКА НА ДАНОК НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Член 9

Податоци за пресметка на данок на моторни возила

Данокот на моторните возила од член 6 став (1) точка 1), 2) и 4) на овој закон и други моторни возила пренаменети во такви моторни возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија.

По исклучок на одредбите од став (1) на овој член, данокот на моторните возила од член 6 став (1) точка 4) на овој закон и други моторни возила пренаменети во такви моторни возила, а кои се распоредуваат во тарифна ознака 8704, се пресметува врз основа на податокот за силината на моторот искажан во киловати – kW , податок за износот на 1 kW изразен во денари за соодветна категорија и податокот за нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

Данокот на моторните возила од член 6 став (1) точка 3) и 5) на овој закон и други моторни возила пренаменети во такви моторни возила се пресметува врз основа на податокот за зафатнината на моторот искажана во сантиметри кубни – см3, податок за износ на 1 см3 изразен во денари за соодветна категорија и податокот за нивото на емисија на издувните гасови(еуро норма).

По исклучок на одредбите од став (3) на овој член, на сите моторните возила од член 6 став (1) точка 3) на овој закон, кои се произведени пред 35 и повеќе години, а кои согласно одредбите од Законот за возила немаат доделен статус на возило со историска вредност “олдтајмер“, данокот на моторни возила се пресметува и плаќа во паушален износ од 5.000,00 денари.

Моторните возила од став (4) од овој член ќе бидат оданочени согласно став (3) на овој член доколку истите се користат за изнајмување, за награда, или се користат за трговија или друга деловна активност.

При увоз на моторни возила, данокот на моторни возила го пресметува и наплатува надлежниот царински орган согласно одредбите од овој закон и податоците од став 1), 2), 3) и 4) од овој член доставени од увозникот, односно од царинскиот обврзник дефиниран согласно царинските прописи.

Владата на Република Северна Македонија со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила од ставовите (1), (2) и (3) на овој член и ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.

Член 10 

Основица за пресметка на данок на моторни возила

Основица за пресметување на данокот на моторни возила при производство на моторни возила од член 6 став (1) точка 1), 2) и 4) на овој закон и при пренамена на други моторни возила во такви моторни возила e износот на просечната емисијат на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамoви по километар во зависност од видот на погонското гориво и продажната вредност на возилото со вклучена вредност на дополнително вградена опрема, во која не е вклучен данокот на додадена вредност.

Основица за пресметување на данокот на моторни возила при увоз и привремен увоз на моторни возила од член 6 став (1) точка 1), 2) и 4) на овој закон e износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамoви по километар во зависност од видот на погонското гориво и царинската вредност на моторното возило утврдена во согласност со царинските прописи зголемена за износот на царината.

Основица за пресметување на данокот на моторни возила при внес на моторни возила од член 6 став (1) точка 1), 2) и 4) на овој закон е износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар во зависност од видот на погонското гориво и продажната цена на возилото со вклучена цена на дополнително вградената опрема, во која не е вклучен данокот на додадена вредност.

Основица за пресметување на данокот на моторни возила при производство, увоз и привремен увоз на моторни возила од член 6 став (1) точка 3) и 5) на овој закон и при пренамена на други моторни возила во такви моторни возила e зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3 и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

Основица за пресметување на данокот на моторни возила при внес на моторни возила од член 6 став (1) точка 3) и 5) од овој Закон e зафатнината на моторот искажана во сантиметри кубни – см3 и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

По исклучок на одредбите од став (1) и (2) на овој член, основица за пресметување на данокот на моторни возила при производство, увоз и привремен увоз на моторни возила од член 6 став (1) точка 4) од овој Закон и при пренамена на други моторни возила во такви моторни возила, а кои се распоредуваат во тарифна ознака 8704, е силината на моторот искажана во киловати – kW и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

По исклучок на одредбите од став (3) на овој член, основица за пресметување на данокот на моторни возила при внес на моторни возила од член 6 став (1) точка 4) од овој Закон, а кои се распоредуваат во тарифна ознака 8704, е силината на моторот искажана во киловати – kW и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

Член 11 

Утврдување на податоци за пресметка на данок на моторни возила

На барање на надлежниот царински орган, обврзникот за плаќање на данокот на моторни возила е должен да достави фактури, испратници, купопродажни договори, комерцијални, трговски, службени и други документи и докази кои се потребни за правилно и точно утврдување на податоците за пресметка на данокот на моторни возила.

На барање на надлежниот царински орган, производителот, претставништвото или трговецот кој е генерален застапник или увозникот на одредена марка моторни возила во Република Северна Македонија, е должен да ја даде сета стручна помош при утврдување на податоците важни за пресметка на данокот на моторни возила, а за таа цел треба да одредат контакт лице за комуникација со Царинската управа.

За цели на утврдување на данокот за моторни возила надлежниот царински орган во текот на постапката има право да побара податоци од надлежни институции во Република Северна Македонија и од надлежни институции од други земји.

Доколку по утврдување на данокот за моторно возило, надлежниот царински орган утврди дека податоците врз основа на кои бил утврден данокот за моторното возило не биле вистинити, во тој случај со решение ќе ја утврди разликата на данокот што треба да се плати.

Член 12 

Потребна документација за утврдување на просечна емисија на јаглерд диоксид CO2

Износот на просечната емисија на јаглерд диоксид – CO2 се утврдува врз основа на потврда за сообразност (COC документ), потврда од производителот за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 во комбинирано возење, изјава за сообразност или потврда за сообразност за поединечно прегледано возило за износ на просечна емисија на јаглерод диоксид – CO2 во комбинирано возење изразено во согласност со Новиот европски циклус на возење (»New European Driving Cycle«) во понатамошниот текст NEDC или согласно корелираниот NEDC, ако моторното возило е хомологирано во согласност со Глобално  усогласената испитна постапка за лесни возила (»Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure«).

Кога износот на просечната емисија на јаглерд диоксид – CO2 за моторното возило неможе да се утврди согласно став (1) на овој член, во тој случај се смета дека износот на емисија на јаглерод диоксид – CO2 ќе изнесува 400 гр./км.

Доколку во постапките што се водат поради незаконска употреба на моторно возило, странката не располага со валидна потврда за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2, надлежниот царински орган од овластено правно лице ќе побара податоци за просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови на километар. Ако овластеното правно лице неможе да ја утврди просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2, во тој случај се смета дека износот на просечна емисија на јаглерд диоксид – CO2 ќе изнесува 400 гр./км.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Редакција

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивен на Ковид–19

Редакција

Јован Митрески ќе го замени Талат Џафери

Редакција