еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за почетокот на јануари најави обвинение за случајот „Рекет 2“.

Станува збор за случајот кој се однесува на невладината Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, во кој освен тој осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузот, Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието и почесната претседателка на Сојузот, Фросина Ременски.

Деновиве тие имаа можност да имаат увид во доказите, а Русковска најави дека од утре тие ќе даваат и искази.

За што се работи во случајот „Рекет 2„?

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9. октомври против овие пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

„Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, информираа од Обвинителството.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се од Македонија ќе оди на молитвен појадок кај Доналд Трамп

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цените на другите горива не се менуваат

Редакција

Гранит ја зголеми добивката за 84%

Редакција